Јапонија – Хамилтон доминантно до победа

Неверојатно возбудлив старт на 14та трка во сезоната за Голема Награда на Јапонија. По првите 2 свиоци на врвот сите внимателни, но во позадина контакт помеѓу Маса и Рикардо што доведе до дупнати пневматици кај двајцата возачи и излетување на Серхио Перез кој сепак успеа да се врати во трката.

Во првите неколку кругови Луис Хамилтон на чело на гридот се обиде да направи предност пред Себастијан Ветел со цел да избегне ДРС употреба од страна на Германецот кој впрочем имаше феноменален старт. Нико Розберг изгуби 2 позиции во дуелот со Хамилтон по стартот во којшто беше избуткан од својот тимски колега по првиот свиок и падна на 4та позиција веднаш пред Кими Раиконен.

suzuka_trka_masa2

Како што најавивме во текот на вчерашниот ден, притисокот на пневматиците веќе помеѓу 9от и 11от круг се покажа како голем фактор кога и возачите почнаа со првите влегувања во бокс. Тоа што имаше големо влијание на стратегијата со влегувања во бокс е што ниту еден од тимовите не знаеше што да очекува од пневматиците со тврда компонента и колку истите ќе траат. Некои од возачите споменаа дека може да се заврши трката со едно влегување во бокс, но тоа навидум изгледаше како невозможно или како преголем ризик.

По првата серија на влегувања во бокс, Хамилтон се врати на чело, додека неговиот тимски колега Розберг го изведе најхраброто претекнување над Валтери Ботас во последниот свиок пред стартно целната рамнина.

Во средишниот дел од трката без поголеми возбудувања, освен влегувањето во бокс на Карлос Сајнц кој при влезот удри во портокаловиот конус и го оштети своето предно крило. Се на се, изгледаше како ветувачки викенд за возачите на Торо Росо како и за возачите на Ред Бул, но од стартот на трката работите целосно тргнаа во погрешна насока за сите четири возачи. По вториот сет на влегувања во бокс, Себастијан Ветел ја изгуби својата позиција од Нико Розберг кој целосно беше посветен да го стигне Хамилтон, додека Кими Раиконен успеа да го претекне Валтери Ботас. Интересно е што Скудерија му посочи на Себ да ја држи предноста пред Розберг на 2 секунди сметајќи дека тоа е доволно пред влегувањето во бокс, но на крајот се покажа како неточна прогноза од тимот од Маранело.

На десетина кругови до крајот битката од 12 до 14 место постигна точка на вриење. Круг по круг, Ериксон, Перез и Квјат не се одделија еден од друг. Секој момент се очекуваше неверојатно претекнување или голема грешка.

suzuka_trka_bitka_za_pozicii

Во меѓувреме на врвот Хамилтон ја контролираше целосно предноста пред Розберг, Ветел и Раиконен. Се на се, очекуван резултат на трката со оглед на формата на Мерцедес викендов, меѓутоа и солиден резултат за Ферари. Ветел успеа да заврши на подиум, додека Раиконен од 6та стартна позиција стигна до 4то место.

Ова е конечниот пласман по трката:

suzuka_trka_rezultati

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ