Јос: Ф1 е многу поинтересна со Макс

Поранешниот Формула 1 возач и татко на Макс Верстапен, Јос, ужива во Формула 1 втор пат во животот, овој пат како поддршка за својот син кој вози за Ред Бул. Самиот Јос бил дел од 106 Гранд При трки, почна во Бенетон во 1994 година на трката во Бразил, а возеше уште за Симтек, Футворк, Тајрел, Стјуард, Ероус и Минарти, но никогаш не завршил повисоко од 10то место.

Постариот Верстапен призна дека воопшто не размслува за своите резултати во врвната тркачка серија и не сака ни да ги споменува, а за свој животен проект ја смета кариерата на синот.

сум направил повеќе за макс одошто за сопствената кариера и тој е мојот животен проект. сакам да победувам со него и да станам шампион со него, имаме заедничка цел.

времето со макс во картинг беше позабавно одошто моето тркање. кога ќе постигнете нешто како тоа со своето сосптвено дете станува доста интензивно и стресно – појасни јос.

Младиот Верстапен директно од Формула 3 влета во врвната моторспорт серија преку Торо Росо во 2015 година, веќе следната беше унапреден во Ред Бул и победи на првата трка со тимот. 22-годишниот возач има 102 трки зад себе, а сезоанва стигна до својата прва пол позиција во Унгаијра.

тоа што татко ми го има направено за мене е неверојатно и никогаш нема да имам можност да му се заблагодрам. секако дека татковците прават многу за своите деца, но ова е неверојатно.

сите патувња во италија, составувања и расклопувања на моите картинзи, менување гуми, подесување на моторите, резервни делови … не се ни сеќавам точно на се.

Макс е нетрпелив да стигне до својата прва шампионска титула, а шпекулациите велат дека доколку не добие пакет за тое, може да мине во Ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ