Шефовите на Автодромот Киалами во Јужно Африканската Република ја отфрлија можноста на патеката да се врати во Формула 1 календарот во блиска иднина поради енормно високите трошоци кои ги носи организација на таква трка. Последната трка на Киалами беше одржана во 1993 година, а во 2014 година патеката имаше темелна модернизација и реконструкција со цел да ги задоволи строгите критеритуми на ФИА.
Инвестирањето во автодромот ги подгреа шпекулациите дека можно е враќање на Формула 1 во Африка, но шефовите на патеката го демантираа тоа.
Формула 1 би била добредојдена на Киалами повторно. Сметаме дека наследството кое го имаме е огромно, но и дека Африканскиот континент заслужува повторно да има Формула 1 трка. Но, огромните трошоци за организација на таков настан се навистина тешко подносливи и таков настан финансиски за нас не е изводлив – појасни Кристо Кругер, Портпарол на автодромот.
Иако во моментов патеката ги нема соодветните дозволи и инспекции за да одржува настани организирани од ФИА, подготвеност за промени постојат, што е добар знак за Либери Медиа.
Киалами останува како објект и ние сме подготвени да преговараме со цел да се подобри и унапреди автодромот по Формула 1 тркачките стандарди. Во моментов тоа е ФИА ранг 2 патека, нема да ни треба многу да стигнеме до ФИА ранг 1, но ќе ни треба долгорочна обврска и иднина врзана со Формула 1. Во моментов немаме финансиски средства потребни за промоција и организација на таков настан.
Либерти Медиа сака проширување на Формула 1 календарот и често изјавуваат дека сакаат враќање на историски важните патеки, но откривање и на нови локации. Спомнувана беше и улична трка во Кејп Таун, но Кругер смета дека тоа е само сон.