Јуки знае како да се подобри, да го победи колегата

Дебитантската Формула 1 сезона за Јуки Тсунода беше далеку од совршена, имаше многу грешки и судари, но тој посочи дека знае како да се подобри.

Јапонецот беше далеку од перформансите и резултатите на неговиот поискусен колега, Пјер Гасли, кој редовно се бореше во горниот дел од поредокот за силни поени. Но, на викенди каде немаше проблеми и не грешеше, Јуки покажа одлични перформанси, особено кон крајот на сезоната. Тој најави дека годинава ќе биде многу важна за него.

не знам колку ќе биде брз овогодинешниот болид кој ќе го направи тимот, но мораме да имаме силни перформанси, а јас морам да го победувам својот колега и да бидам константен на трка. ги знм деталите и знам каде треба да се подобрам и како да бидам поконстантен. ги знам сите работи кои треба да ги подобрам и знам дека сезонава треба да имам подобра подготовка – посочи тсунода.

Тој освои поени за тимот само пет пати лани, верува дека ќе биде многу поконстантен следната година.

ако имаме добар болид можам константено да освојувам поени и да имам добри резултати. доколку болидот не биде силен на самиот старт, можеме да го развиеме, јас знам како се прави тоа и како да бидеме побрзи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ