Јуки посочи дека имал многу тешка година со АлфаТаури

Јуки Тсунода призна дека оваа година не била најдобра за АлфаТаури, но инсистира дека следната година ќе бидат далеку подобри.

Промената на правилата од почетокот на оваа сезона се чини дека ги фати неподготвени откако претходно беа екипа која освојува поени, а победија и на Италијанското Гранд При пред две години. Сезонава дури на 12 од вкупно 22 трки не успејаа да освојат поени, така што крајот на сезоната го дочекаа на 9то место во конструкторскиот поредок, назадување од нивното 6то место лани.

Самиот Тсунода заврши на 17то место кај возачите со само 12 поени, беше три позиции зад колегата Пјер Гасли за кого годинава беше последна во малата екипа од Фаенца.

беше тешка година за тимот, можевме да дојдеме и до 8мо место во прввенството, но барем научивме многу работи што е позитивно – посочи јапонецот.

На својата последна трка годинава, Тсунода повторно пропушти поени и финишираше за 11то место.

последните 6-7 кругови гумите беа добри, но потоа одеднаш паднаа нивните перформанси и не можев да ги следам оние пред мене. чувствував дека имам добра шанса за поени, но ритамот стануваше се полош. штета, затоа што дадов се од себе.

Јуки е свесен дека мора да се забрза догодина кога ќе биде поискусниот возач во тимот затоа што наместо Гасли, Ред Бул решија Ник де Врис да го заземе местото крај јапонецот.

беше задоволство да се работи крај пјер и ги ценам многу работите што тој ги постигна со тимот и се што ме научи.

се надевам дека следниот болид ќе биде добар, но и дека јас силно ќе се подобрам. баремимам јасна цел да напредувам догодина што е добро. сакам да се вратам уште посилен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ