Јуниорот на Ред Бул, Даруваала, бара Ф1 место следната година

Новиот јуниор во програмата на Ред Бул, Јехан Дарувала, цели на место во Формула 1 следната тркачка сезона во пресрет на почетокот на трките оваа година каде треба да се докаже во пониската Формула 2 тркачка серија.

Дарувала е поранешен член на младионскиот тим на Форс Индија, а во Ред Бул дојде во Февруари откако имаше сезона со победи во Формула 3. Индиецот беше конкурент за титула до последнатаа трка лани, но загуби од својот колега Роберт Шварцман, а падна на 3то мество во поредокот и зад другиот колега од Према, Роберт Шварцман.

да бидам искрен, целата сезона лани беше добра, освен последната трка во будимпеша. се борев за титула до самиот крај на сезоната и се надевам дека исто ќе биде и годинава, константно ќе освојувам поени и ќе можам да предизвикам за насловот.

немам некоја специфична цел, но сакам да сум конкурентен и се надевам дека на крајот на годината ќе завршам во топ 3 и ќе минам во Формула 1.

сега сум дел од програмата на ред бул и постои можност за мене да напредувам до формула 1, но тоа нема да се случи без добри резултати годинава. главен фокус ми е да се покажам врвно оваа година и да си заслужам напредок за следната – оптимист е даурувала.

За својата дебитантска сезона во Формула 2, тој ќе вози за Карлин, екипата со која стигна до две победи во сега расформираната Европска Формула 3 тркачка серија, а за минатата година мина во новата Формула 3 со Према. Карлин завршија на 4то место во Формула 2 лани со 182 поени зад ДАМС, но Дарувала е убеден дека може да се носат со фаворитите.

карлин се во серијаа неколку години, во 2018 година беа тимски прваци, а лани беа многу конкурентни така што не гледам никаков проблем од нивна страна. нивниот болид беше добар минатите некоклу години, а големи промени во правилата нема, така што треба да се конкурентни и оваа.

ќе има многу дебитантни кои ќе дојдат од формула 3 оваа година кои беа конкурентни лани и се бореа за победи. не гледам дека формула 2 сезонава ќе се разликува многу од лани и ќе биде силна битка помеѓу искусни возачи и малди дебитантни кои доаѓаат.

нетрпелив сум за предизвикот, ќе биде голема конкуренција, но мора да се докажам секаде ако сакам да станам дел од формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ