Ќе гледаме уште две сезони Drive to Survive

Нетфликс и Формула 1 најавија продолжување на серијалот Drive to Survive за уште две сезони. 

Од појавувањето во 2019 година, Drive to Survive стана едно од омилените шоуа на Нетфликс и во моментов има четири сезони. Снимањето на петтата сезона ќе се случува оваа година и сега стигна официјална потврда за тоа. 

Во меѓувреме Нетфликс ја најави и шестата сезона до 2024 година. 

Формула 1 и Нетфликс потврдија дека популарната серија Drive to Survive е продолжена за петта и шеста сезона.

Серијата стекна огромна популарност и веќе ја видовме најголемата гледаност до сега. Со неверојатен пристап до забранетите делови на спортот, се гледа неверојатната борба и подготовките на тимовите за борбата во 2022 и 2023 година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ