Џиовинаци: Созреав како возач во 2019

Возачот на Алфа Ромео, Антонио Џиовинаци, вели дека пораснал и созреал како возач во 2019 година, по две години поминати надвор од Формула 1.

Италијанецот дојде во Формула 1 во 2019 година како дебитант, но не целосно, откако учествуваше во Австралиското и Кинеското Гранд При во 2017 година како замена за тогаш повредениот Паскал Верлејн. Тоа беше неговото последно искуство во Ф1 се до 2019 година кога доби повик да се приклучи на Алфа Ромео каде вози покрај Кими Раиконен. По тежок старт во швајцарската екипа, Џиовинаци полека се подобруваше во текот на сезоната, завршувајќи со 14 освоени поени.

Се подобрував од трка до трка. Не беше лесно да се вратам во трките по пауза од две години. Мојата главна цел беше да се подобрувам од трка до трка. Имав тежок почеток на сезоната. Во вториот дел научив повеќе и се подобрував и пораснав како возач. Тоа беше моја главна цел.

Иднината на Џиовинаци во тимот беше под сомнеж откако се откажа во Спа возејќи во позиција на поени, а шефот на Алфа Ромео, Васур, призна дека тие размислувале дали да го продолжат неговиот договор. Тој сепак се врати во Монца и заслужи нов договор за 2020 година.

Мислам дека по Монца мојата мотивација беше се поголема. По вториот дел од сезоната, бев многу среќен со моите перформанси.

Бразил беше најдобриот резултат дефинитивно. Имав и други добри трки, како Сингапур, како Монца. Пред сударот во Спа, трката беше одлична. Во Бразил се беше одлично, имавме и малку среќа. Но севкупно, тоа беше најдобрата трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ