Џиовинаци со првите поени за Алфа во сезоната

Екипата на Алфа Ромео имаше среќа што освоија поени на првата трка во сезоната, но тимот исто така беше дел и од хаосот кој се случи на Австриското Гранд При.

Антонио Џиовинаци ги освои поените за тимот со пласман на 9то место, откако се квалификуваше на 19та позиција. На истата патека тој ги освои своите први поени во Формула 1 минатата година.

Навистина сум среќен со резултат. По тешките квалификации, да освоиме поени беше максимумот. Трката не беше лесна, се мачевме на стартот, но потоа се подобривме. Секако во таква хаотична трка потребна е и среќа, но бевме подготвени да ја искористиме секоја шанса. Се боревме, деветто место е одличен начин да се почне сезоната. Навистина сум среќен за тимот. Треба уште многу да се подобриме, но ова е само прва трка – изјави Џиовинаци.

Фредерик Васур, тимскиот шеф, беше презадовоелн со резултатот.

Освојување на поени на првата трка е секогаш добра вест, но има позитива повеќе покрај тој резултат. Нашата форма во трка беше чекор напред од квалификациите и извлековме поголем потенцијал. Како тим мора да работиме напорно, а освојување на поени е добра награда за сета работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ