Џиролами за Божиќ во Македонија, Давидовски одличен домаќин

Тркачките од светски ранг, браќата Нестор и Франко Џиролами, за божиќните празници добија можност да ја искусат Македонија, нашата гостопримливост и неверојатна вкусна храна на најдобар можен начин.

Нестор Џиролами го замени Давидовски на трката во Франција поради ограничувањата за патување во Европската Унија и го забележа одличното петто и второ место за тимот. Франко Џиролами се придружи на Давидовски на последната трка од сезоната каде тимот настапи со два автомобила.

Со паузата која се случува во зимскиот период во сите моторспорт серии, возачите од ТЦР Европа, блиски соработници на македонската екипа во првенството, PSS Racing Team, за католичкиот Божиќ допатуваа до Македонија како гости на нашиот врвен претставник, Виктор Давидовски. Дружината прво уживаше во пријатна вечера во Скопје во домот на Давидовски, а потоа отпатуваа до Маврово, каде уживаа во традиционални јадење, снег и турнеја околу нашиот национален парк.

Дружбата не е случајност, како што потврди Давидовски. Имено, браќата Џиролами се во Скопје покрај дружбата да дискутираат и околу следната сезона во ТЦР Европа првенството и нашиот тим да преминe на следното ниво, односно партнерот Хонда да биде уште повеќе инволвиран во напредокот на македонскиот моторспорт на европска и глобална сцена.

Давидовски се покажа како одличен домаќин, како што ние најдобро знаеме во нашата земја, а се надеваме дека разговорите ќе се движат во најпозитивна насока и PSS Racing Team заедно со Давидовски ќе бележи уште поголеми успеси во иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ