Џовинаци свесен дека мора да го победи Кими годинава

Антонио Џовинаци призна дек неговата Формула 1 кариера може да стагнира ако не успее да го победи својот колега во Алфа Ромео, искусниот Кими Раиконен, оваа тркачка сезона.

Со поддршка на Ферари, 26-годишниот италијанец ја имаше својата прва Формула 1 сезона во 2019 година, но мора да се подобри за да остане дел од врвната тркачка серија.

сонувам да продолжам, но знам дека морам да го победам кими годинава – изјави антониот за швајцарски Blick.

Италијанецот освои само 14 поени минатата сезона, многу помалку од 43те колку што Раиконен имаше на своет конто.

Поранешниот Формула 1 возач, Ник Хајидфелд, смета дека Џовинаци требало да биде отстранет од тимот во текот на сезоната.

мислам дека мик шумахер има добра шанса да вози за алфа ромео, не само на петочни сесии туку и на трки.

џовинаци може да има големи проблеми ако остане во сенка на раиконен како на почетокот од минатата сезона.

мик е способен да се трка в оформула 1  може да добие шанса многу порано одошто луѓето мислат – појасни хаидфелд за германски Sky.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ