Џовинаци смета дека има шанса за Ферари догодина

Антониот Џовинаци смета дека има шанса да вози за Скудерија Ферари догодина како колега на Шарл Леклер и замена за Себастијан Фетел. Со поддршка на Маранело тој лани ја одработи својата прва сезона во врвната моторспорт тркачка серија за Алфа Ромео.

Италијанецот немаше добар прв дел од сезоната, но драстично се подобри во вториот и си го задржа местото во Хинвил, но сонува за многу повеќе.

би лажел ако кажам дека не сонувам за ферари. најважна работа за мене е во моментов целосно да се сконецентрирам на она што се бара од мене и да имам добри перформанси годинава. мислам дека потоа ќе имам шанса и за ферари.

имам одличен однос со шарл, многу разговараме и одиме на многу исти места во монако – објасни џовинаци за италијанска Gazzetta dello Sport.

26-годишникот за сезонава има неколку едноставни цели за постигнување, а прво е да биде подобар од Кими Раиконен, првакот од 2007 година кој лани имаше 29 поени повеќе од него.

да го победам кими е една од моите цели сезонава, но не е единствена цел. ќе биде клучна сезона, а така е секогаш кога “бркате“ некаква промоција.

раиконен не зборува многу и на почетокот не ми ни помагаше затоа што неговите резултати беа подобри и тој бееш многу пред мене. но, тој е важен репер за мене и ми покажува колку сум се подобрил.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ