Џордан отсечно: Би го отпуштил Хамилтон

На два месеци пред почетокот на сезоната, Луис Хамилтон сеуште нема потпишано договор со Мерцедес.

Иако се верува дека новиот договор е само прашање на време и ќе се потпише наскорo, сепак Еди Џордан ги советува германците да се откажат од преговорите. Ирецот е познат како тежок бизнисмен и по се изгледа тоа не е променето. 

ДОколку јас бев шеф на Даимлер, ќе му ја покажев вратата, или вози под наши услови или замини си – како и секогаш без “влакна на јазикот“ изјави еди.

Џордан изјави дека е сеуште добро информиран за работите во Формула 1 и според негови извори, Хамилтон, покрај големата плата бара и влијателна улога во Мерцедес. На Џордан му е јасно зошто Даимлер не се согласува со тоа. 

Би му го кажал тоа што Берни ЕКлстон го изјави после смртта на сена. Дури и Берни беше тажен и шокиран, но ни рече, престанете да плачете секој е заменлив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ