Џордан планирал да продаде дел од екипата на Сена

Поранешниот сопственик на Формула 1 екипа, Еди Џордан, откри дека преговарал со Аиртон Сена да купи дел од тимот Џордан во 1994 година. 

Тој се присетува на моментите кога го гледал Сена како напредува во Формула Форд, а тој во моментот бил сопственик на Формула 3 тим и жали што не го донел во својата екипа. 

Во 1982 година имаше едно момче, се викаше Џим Врајт, и тој ни беше скаут. Тогаш работите се правеа на друг начин, Џим ги следеше јуниорските серии пред да се дојде во Формула 3 од каде дојдоа мартин Брандл, џони Херберт и жан Алези.

Имав моќ и пари да го подржувам тимот и да го изберам најдобриот возач. Врајт ми го покажа Сена кој во моментот беше на трета позиција. Отидов да го погледнам и се чудев како влегува во свиоците со полна сила и како не промашува ништо. Тој беше неверојатен.

Се обидов да го донесам во 1983 година, но тој беше возач на Марлборо. Не успеав никако да го донесам. Аиртон подоцна го промени името од Да Силва во Сена – објасни еди.

На крајот од 1993 година, кога Сена ја вози последната година за Мекларен, тој разговара со Џордан за да купи дел од неговиот тим. 

Не беше среќен во Мекларен. Му понудив 50% од тимот само за да дојде да вози за Џордан, но јас да останам половина сопственик бидејќи тој носи голема вредност за тимот, Со него во блидот ќе дојдеја многу спонзори. 

Но, Сена го загуби животот на Имола и сонот на Џордан не се остварува. 

Не знам дали ќе се случее, но бевме при крајот со преговорите. Сакаше тим и јас му ја дадов шансата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ