Џордан: Тото треба да замине од Мерцедес додека е на врвот

Поранешниот тимски сопственик во Формула 1, Еди Џордан, смета дека шефот на Мерцедес, Тото Волф, треба да замине од екипата додека е на врвот.

Австриецот во моментов преговар со “сребрените“ околу продолжување на соработката која согласно актуелниот договор треба да трае до крајот на оваа сезона.

Тото долго време изјавува дека посветеноста на тимот не е прашање, туку секојдневните оперативни обврски кои шефовското место ги носи со себе како и потребата да биде присутен на сите трки од календрот.

Еди Џордан беше човекот кој прв ја лиферуваше информацијата за можната продажба на Мерцедес на Инеос, нешто што Волф веднаш го демантираше, но се чини дека британскиот хемиски гигант сериозно размислува за некој малцински удел вк екипата.

 единствена работа за која сум сигурен е дека инеос ќе го купи тимот, а тоа ќе биде во пакет со сите луѓе и менаџментот на екипата. знаеме дека ола калениус, главниот извршен директор на даимплер, имаше недоразбирања со волф во минатото.

знаеме дека тото е многу искрен, сличен карактер со френк вилијамс и рон денис и сите останати. до сега беше сензационален, но време е да продолжи по друг пат – изјави џордан за Ziggo Sport.

Мерцедес се на прагот на 7та последователна двојна титула во Формула 1, така што ирецот Џордан смета дека крајот на оваа сезоан е вистинско време за Тото да замине.

сигурен сум дека веќе почна да се уморува од сите тие победи и титули, создаде мит околу луис хамилтони екипата.

во животот треба да знаете кога е добро време да заминете, а кога е лошо време за тоа. сметам дека во моментов е вистинско време за тото.

ако јас сум негов советник ќе го советував да замине да ја прифати нивната понуда затоа што истата никогаш нема да биде доволно добра.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ