🎥 Дубајската идеја за Ф1 и пропаста на А1ГП

На почетокот од овој век, шеикот од Дубаи создаде нова тркачка серија која имаше амбиција и потенцијал да се носи со Формула 1 како најпопуларна тркачка класа во иднина, но по само неколку години, сонот пропадна.

А1ГП беше тркачка класа каде учествуваа тимови од одредени земји, слично како Светско фудбалско првенство каде нациите се натпреваруваат меѓу себе, така што успехот и беше речиси загарантиран.

Серијата привлече тркачи од сите краишта на светот и беше пренесувана во голем број на земји, а потоа го доби и името Светско моторспорт првенство, но не мина многу време пред да почнат проблемите.

Водење на тркачка екипа бара многу пари и големо знаење. Иако возачите кои возеа за тимот беа од соодветната држава односно имаа пасош од земјата за која возеа, екипите често немаа врска со потеклото на тимот.

Фактот дека возачите доаѓаа од 30 земји низ светот направи голема диверзификација, така што оние од Либан и Пакистан многу заостануваа во квалитетот споредено со оние од Западна Европа.

Во продолжение, растот и падот на тркачката серија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ