? Иновативната Формула Е воведува камера од кацигата

Формула Е воведува иновативна таканаречена ‘Driver’s Eye’ камера поставена во кацигата буквално до окото на возачот, а премиера технологијата ќе има на трката во Сантиаго откако доби хомологација од ФИА.

Камерата е монтирана во кацигата на возачот на страна од очите и на никој начин не го попречува неговиот видик. Фановите ќе може да почувствуваат како е да се вози и како делуваат сите сили врз телото на взачот. Камерата се тресе, како и целото тело на возачот и понекогаш може да се очекува заматен екран, буквално како што гледаат и воазчите.

Еден недостаток на технологијата е што камерата не може да се адаптира на промените во светлината кога возачот ќе промени од светол кон темен визир на својата кацига.

Формула 1 сеуште нема никаква најава за воведување на слична технологија, така што се чекаат реакции од Формула Е фановите пред да се превземе нешто.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ