🎥 Мерцедес ги откри новините за Монако

Мерцедес конечно ги покажа долгоочекуваните новини на својот В14 болид, делови кои ќе се користат за претсојното Гранд При на Монако.

“Сребрените“ се дел од неколкуте екипи кои и покрај природата на уличната патека низ Кнежевството открија дека ќе ги донеса развојните делови на својот болид кои беа планирани за Емилија Ромања, трката која беше откажана. Природата на Монте Карло е таква што не е често да екипите носат нови делови со кои го подобруваат боидот, но Мерцедес се решија за нешто неконвенционално.

Новиниет на Мерцедес вклучуваат нова предна суспензија, ревидиран под како и различни странични делови кои се клучни во пакетот. Претхоно В14 имаше концепт на минимални страинчни делови, нешто што се смета дека е главно ограничување на перформансите, но сега тие се да далеку поголеми и поробусни. Горниот дел од страниците има многу поголем отпор за двадење, а дизајнот наликува на оној кој го користат Алпин и Мекларен.

Во пресрет на трката, шефот Тото Волф призна дека Монако е посебен настан, а носењето новини во Кнежевството и покрај се ќе му даде на тимот можност за учење.

мораме да бидеме претпазливи да не носиме претерано многу заклучоци врз база само на овој настан. ова е само прв чекор од новата развојна насока и сигурно дека нема да биде “магично стапче“, искуствено кажано.

се надеваме дека ќе им даде на возачи поголема стабилност и предвидливост на пакетот со кој располагаат. потоа, ќе се надоградуваме во периодот кој следува – посочи волф.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ