🎥 Најава за документарецот на Вилнев и Пирони

Продуцентите на новиот документарен филм “Villeneuve Pironi: Racing’s Untold Tragedy“ објавија официјално видео како најава за премиерата која ќе се случи на филмскиот фестивал во Гласгов следниот месец.

Документарецот ја раскажува приказната за големото пријателство помеѓу двајцата тогашни возачи на скудерија, канаѓанецот Жил Вилнев и французинот Дидие Пирони и како нивната близина донела прекршување тимски наредби на Големата награда на Сан Марино во 1982 година.

Исхот од трката е победа на Пирони и почеток на големи несогласувања не само помеѓу возачите, туку и помеѓу нивните семејство. Продукцијата е на Sky Studios и Noah Media Group film со поддршка од сопругата на Жил, Жоан, и нејзиниот син, поранешниот првак Жал Вилнев,

Во филмов свој придонес има и парнерката на Дидие, Гу, како и нејзинит двајца синови, Жил и Дирие, но и легенди како Алан Прост и Сер Џеки Стјуард.

Премиерата е закажан за 5 Март, а документарецот ќе биде достапен на Sky Documentaries од 19 истиот месец.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ