🎥 Норис си ја исече раката правејќи се кловн

Ландо Норис си ја исече раката глумејќи кловн и правејќи “фори“ по крајот на Големата награда на Италија но се работи за мала повреда која нема да го донесе под знак прашалник неговото учество на Тосканското Гранд При.

Пјер Гасли на АлфаТаури победи на трката, пред Ландо Норис од Мекларен и Ленс Строл од Рејсинг Поинт. По крајот на трката имаше прослава пред гаражата на Мекларен и додека Карос го носеше големото шампањско од подиумот, Ландо имаше помала верзија на истото подготвувајќи си сопствена прослава.

Британецот неколку пати ја удри флашата од земја со цел да создаде притисок и пенливото вино да има силенмлаз, но тоа беше премногу сила за стаклено шише кое се скрши и ја пресече раката на Норис.

За среќа на возачот ќе му треба само фластери и завој како мерка за претпазливост, а се ќе биде во ред за претсојната трка во Муело.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ