🎥 Холандски документарец за Макс ќе биде објавен по крајот на Австралиското ГП

Viaplay Nederland објави најава за нов документарец фокусиран на животот на двократниот Формула 1 првак и моментален лидер во првенството, Макс Верстапен.

Max Verstappen: Anatomy of a Champion ќе биде за прв пат прикажан во Недела на 2 Април по крајот на Австриското Гранд При. Двократниот првак има метеорски успех во тркачката серија во која дебитираше на 17 години, а веќе во втората сезона го земаа во сениорскиот Ред Бул каде победи на својата прва трка.

Најголем дел од содржината во документарецот се однесува на ланскат сезона во кој тој доминантно го освои својот втор наслов и го подобри рекордот на Михаел Шумахер и Себастијан Фетел во однос на најголемиот број на победи во една сезона.

Max Verstappen: Anatomy of a Champion на гледачите и ф1 фановите им нуди невиден пристап до животот на макс верстапен. деокументарецот ја открива сложената личност зад огромниот талент и го покажува макс како млад човек кој се стреми на успех и често го чувствува притисокот – се вели во најавата за филмот.

Најавата за документарецот тука.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ