? ИндиКар ќе користи аероскрин од Ред Бул од 2020

Red Bull Advanced Technologies развиле иновативен систем за заштита на кокпитот, аероскрин, кој ќе биде воведен во најдобрата тркачка серија во САД на почетокот на 2020 година, односно ИндиКар.

Напредната технологија за заштита на возачот е дизајнирана со цел да го намали ризикот од повреди од летечки делови или други објекти кои би имале контакт со кокпитот. Истата е сочинета од балистичка површина поставена на титаниумска рамка.

Аероскринот е тестиран и се очекува да издржи удар од 150 килоЊутони, еднакво на Хало уредот кој се користи во Формула 1 моментално.

Аероскринот исто така ќе содржи анти-сјајна обвивка од внатрешниот дел, интегриран топлински елемент кој ќе спречува замаглување, кои пак делови ќе бидат изработени од трета странка.

Red Bull Advanced Technologies исто така ќе работат на дополнително подобрување на системот со можно воведување на опција за ладење која ќе биде изработена во соработка со Далара, официјалниот производител на шасии за ИндиКар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ