📷 Леклер со посебна кацига како почит кон Фетел

Шарл Леклер ја покажа својата почит кон Себастијан Фетел со посебно дизајнирана кацига за трката викендов во Абу Даби.

Фетел си заминува од Ферари по последната трка и го означува крајот на 6-годишен период со 14 победи и два пласмани на второ место кај возачите на крајот на годината. Себастијан исто така користи поинаква кацига во Абу Даби, како почит кон периодот поминат во Ферари, додека Леклер посочува кон заминувањето на германецот.

Леклер се појави со целосно бела кацига, показател кон постојаниот дизајн на Фетел. На истата на горниот дел е истакнато “Благодарам Себ“ на германски јазик.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ