📷 Мекларен го донесоа својот нов Performance Centre на Спа

Мекларен го донесоа својот нов и иновативен центар за инженерите во Формула 1 падокот на Големата награда на Белгија, градба цеосно еколошка која ќе служи како канцеларија за инженерскиот тим на екипата од Вокинг.

Компанијата работела заедно со Schuler, специјалисти за посебни камиони за моторспорт, соработка која донесе ново окружување за тимот во Белгија. Мекларен сакале да се осигураат дека нивната инфраструктура е подобро прилагодена на потребите на тимот, но во исто време сакале и да го намалат бројот на камиони кој го носат на трките на вкупно четири, наместо досегашните шест.

сакавме да имаме објект кој го претставува нашиот бренд на вистински начин од маркетишка гледна точка. сакавме одржливо решение на трка во однос на финансиите, но и екологијата. успеавме заедно со schuler да го намалиме бројот на камиони кои патуваат на секоја трка со иновативно решение кое го развивме.

секако пред се беше да му дозволием на тимот окружување за европските трки кое ќе биде најмодерно и ќе им дозволи да извадат максимум. среќен сум и задоволен што чекор по чекор го подобривме нашиот моторхоум – задоволен е андреас сеидл, шефот на екипата.

Новиот центар им овоможува на Мекларен подобро да го искористат својот простор во падокот и истиот ќе биде поставен на местото каде претходно се чуваа резервните делови. Таков објект веќе користат и други екипи во падокот, првично Мерцедес, Ред Бул и Ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ