📷 Мерцедес го покажа новото Безбедносно и Медицинско возило

Мерцедес го откри изгледот на подобреното безбедносно возило и медицинско возило кои ќе ги користи сезонава во пресрет на Бахреинското Гранд При следниот викенд.

Годинава Mercedes-AMG GT Black Series ќе биде официјано безбедносно возило на половина од трките поради претходно постигнатиот договор, другата половина да ја одработува Астон Мартин. Овој Мерцедес ќе го замени Mercedes-AMG GT R кој се користеше до лани, додека наместо C 63 S Estate како медицинско возило кое се користи од 2015 година, сезонава таа функција ќе ја има GT 63 S 4MATIC+. Според компанијата, се работи за најмоќните изведби од двата модели.

Најочигледна промена кај безбедносното возило е отстранување на ротациониет светла од покривот на автомобилот кои наместо таму се распоредени на ветробранското стакло и задното големо крило. Задната табличка исто така е осветлена со соодветни бои за да возачите јасно ја видат во текот на трките.

Во кокпитот на безбедносното возило останува Бернд Мајландер со сојот совозач Ричард Даркер кои ќе имаат на располагање два монитори со многу информации од трката додека возат на патека.

Двете возила ќе ја користат црвената боја која Мерцедесја промовираше лани поради спонзорскиот договор со Crowdstrike.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ