📷 Мик Шумахер се провози во првиот болид на татко му

На Силверстон само неколку дена по трката се слушна звук од В8 мотор, а Мик Шумахер беше зад управувачот на првиот Формула 1 болид на неговиот татко Михаел, Џордан 191.

Германецот, кој дебитираше во Формула 1 годинава со Хаас, 30 години откако Михаел беше дел од тимот на Еди Џордан во 1991 година, заврши серија кругови како дел од програма на Скај Спорт.

Тоа се случи само неколку дена по трката за Големата Награда на Велика Британија, каде Мик заврши на 18то место и пред следната трка во Унгарија, последниот настан пред традиционалната летна пауза на спортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ