? Накосената кривина во Зандворт е готова

Во пресрет на враќањето на Формула 3 во Холандија кое ќе се случи на 3 Мај, од автодромот објавија конечни слики од изгледот на главната атракција на патеката, накосената “Индикар“ кривина.

Кривината број 3 го носи името на поранешниот директор на патеката, Јохн Хугенхолз, а кривината број 14 на Индијанаполис 500 победникот Арие Лујендик. Овие две кривини имаат накосување од 19 степени што е мнгоу повеќе од 9те степени кои ги има славниот Брикјард домаќин на Инди 500.

Починатиот Директор за трка во ФИА, Чарл Вајтинг, бил главен зад идејата да се накоси патеката, така што болидите би изгледале спектакуларно “прошишувајќи“ во тој дел од патеката.

Италијанците од Dromo Circuit Design беа задолжени за дизајнот на патеката и тие сакаа да направат комбинација од летечките О`Руж и Радилион на Спа и летечките Маготс и Бекетс на Силверстон.

направивме нешто што сметавме дека ќе биде уживање за возење и нема да го има на ниту една друа патека. кривината број 14 е едноставна и многу широка за да може да се мине под полна гас, додека преодот помеѓу 2от и 3от свиок има големи висински промени. се пред вас се мрда, како што се движите гледате се повеќе од патеката пред себе и чувството е како ве истиснуваат – појасни јарно зафели, основачот на Дромо.

Се очекува во пресрет на 2та кривиан возачите да имаат 265 кмч и да запираат нагло пред накосената 3та кривина и техничкиот тесен дел кој следува.

предизвикот ќе биде огромен затоа што формуал 1 болидите не се дизајнирани да возат накосени на тој начин и екипите ќе мора добро да размислат за гумите и суспензијата.

држењето на патеката при минувањето низ 2та и 3та кривина и потоа излезот на 4та ќе бараат компромис во однос на сетирањето затоа што ако се сака да се биде брз таму, ќе се жртвува друг дел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ