📷 Ново безбедносно возило на Астон Мартин

Астон Мартин ќе ги дели безбедносните возило заедно со Мерцедес претсојната тркачка сезона, а ќе дебитира на премиерната трака од календарот, Бахреинското Гранд При на крајот од месецов.

Мерцедес и Астон Мартин имаат блиска соработка во последните 12 месеци и постигнаа договор за поблиска техничка во однос на тркачките екипи. Беше објавено дека Мерцедес ќе го зголеми влогот во Астон Мартин на 20% со што ќе му даде пристап кон своите технологии. 

Стефано Доменикали е презадоволен од ваквата одлука. 

Задоволни сме што може да го најавиме новото партнерство помеѓу Астон Мартин и Мерцедес АМГ да ги обезбедат безбедносното и медицинското возило во Формула 1.

Двата бредна се легендарни и задоволни сме што се дел од спортот. Последната сезона бевме сведоци на драматични инциденти и сметаме дека Астон Мартин и Мерцедес се подготвени да одговорат на предизвикот. 

Посебна верзија на Астон Мартин Вентиџ ќе ги води трките и ќе го контролира темпото. Како медицинско возило ќе се користи Астон Мартин ДБХ кој е првиот СУВ на брендот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ