📷 Откако пред време ја заврши трката, Себ го чистеше Силверстон

Британското Гранд При за Себастијан Фетел беше разочарувачко откако се изврте кон средина на патеката, а потоа и се откажа, но не дозволи тоа да му влијае и по крајот на настанот помогна во чистење на ѓубрето оставено од фановите.

Четирикратниот првак стави ракавици, зема вреќи и се приклучи на оние задолжени да ги исчистат трибините од оставеното ѓубре од страна на 140.000 гледачи кои присуствуваа на настанот во Недела.

Иако изгледаше дека возачот на Астон Мартин е пред поени и нов топ 10 пласман, се бореше со Алонсо и недопрен од никого претера и се изврте крај патеката по што се приклучи во трка на крајот.

Потоа, наместо да оди дома, тој остана на автодромот и помогна со чистење на ѓубрето.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ