? Патеката во Ханои е готова и подготвена за трка

Градската патека во Ханои е целосно подготвена за претстојното прво Виетнамско Гранд При кое треба да се случи во месец Април. Шпекулациите околу евентуалното откажување на трката поради брзото ширење на корона вирусот не престануваат, но организаторите и промотерите на настанот и ја завршија својата работа и објавија нови слики од автодромот. Тркачкиот викенд треба да се одржи 3-5 Април како трета трка оваа сезон, а до сега во земјата има пријавено 16 случаи на заразени со корона вирус.

Последните 150 метри асфалт на патеката беа поставени на почетокот на неделава така што е комплетирана истата која содржи 23 кривини пставени на новоизграден дел, но и на обновен дел од постоечката градска инфраструктура. Креатор на автодромот е Херман Тилке.

ова е голем јубилеј за нас да прославиме затоа што сме чекор поблискув до првото виетнамско формула 1 гранд при. трката е за нешто повеќе од еден месец. неверојатно сме возбудени што ќе бидеме сведоц на пребрзи формула 1 болиди како се тркаат на оваа неверојатна патека што ќе биде момент полн со гордост за сите вклучени во проектот и награда за се што е сработено.

со помош на сите од тилке и моторспорт делот на формула 1 се чувствуваме самоуверени и можеме да кажеме дека оваа патека ќе биде една од најрпедизвикувачките на календарот поради што очекуваме да стане омилена за кратко време.

околу патеката се подгинуваат трибините и сите времени објекти, а возбудата во ханои е се поголема. подготвени сме и не можеме да дочекаме – изјави главниот извршен директор на трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ