? Први слики од инфраструктурата во Виетнам

Организаторите на Големата награда на Виетнам објавија првични слики од комплексот згради наменети за боксовите и тимовите на патеката во Ханои во пресрет на првото Гранд При во земјата кое е закажано за 5 Април.

Зградата е долга 300 метри и дизајнирана од Тилке Инженеринг, а инспирирана од двете големи обележја на Ханои и тоа Imperial Citadel of Thang Long и  the Pavilion of the Constellation of Literature. Второто е заштитено наследство од страна на Унесо и се смета за симобол на градот, а според организаторите го отсликува богатото наследство на земјата и традиционалната култура.

Работите на патеката согласно планот треба да бидат речиси комплетно завршени до крајот на овој месец.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ