📷 Промените на Спа се во полн ек

Одговорните лиц во белгиска Спа објавија нови слики за промените и работите кои во моментов се одвиваат на патеката.

Како дел од проемните со цел да се подобри безбедноста и да се хомологира патеката за моторциклистички трки, промените се во тек. Работите почнале на 15 Ноември, а проценети се на околу 80 милиони евра и треба да обезбедат долгорочен престој на врвните моторпорт тркачки категории, вклучително и Формула 1.

Дел од асфалтните области за излетување се зголемени, додека други с заменети со песок. Освен безбедносни подобрувања, во Спа се градат и нови трибини што значи уривање на некои значајни историски градби крај патеката.

Делот помеѓу Ла Сурс (првата кривина – шнола) и О’Руж е речиси непрепознатлив во моментот, а надворешниот дел на шнолата, наместо претерано асфалт, има песок за да се казнуваат грешките.

Спротивно на старите гаражи има нови трибини на место на старите кои ќе бидат најдобро место за следење на О’Руж. На тие трибини ќе има и ВИП делови.

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ