? ПРОМОЦИЈА: Хаас први со слики од новиот болид

Хаас се првата Формула 1 екипа која на некој начин откри како ќе изгледа нивниот болид за 2020 година откако на своите профили на социјалните мрежи открија слики од ВФ20 болидот.

Прикажувањето на болидот “во живо“ е закажано за утрото непосредно пред првиот предсезонски тест односно на 19 Февруари во Барселона, но сликите беа објавени денеска.

Откако имаа многу проблеми со ланскиот главен спонзор, Рич Енерџи, американците годинава немаат главен поддржувач и ги вратија боите од порано, така што доминираат црната, сивата и црвената боја наместо ланската црно-златна комбинација.

Минатата сезона за најмладата екипа на гридот беше уништена од лошите аеродинамички новини кои беа промовирани на Шпанското Гранд При по што следуваше проблем со менаџирње и оптимизирање на гумите и она што беше најстрашно големо несовпаѓање во податоците помеѓу воздушниот тунел и патеката. Тоа донесе до возење со првиот болид од Мелбурн во последниот дел од сезоната кога ривалите возеа со куп новини на своите шасии.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ