📷 РБ18 за одбрана на шампионската титула на Верстапен

Тимот на Ред Бул Рејсинг го претстави својот сосема нов болид за 2022 година, вклучувајќи и нов главен спонзор на тимот, софтверската компанија Oracle.

Ред Бул е втората екипа која го презентираше болидот според целосно новата регулатива. Боите на болидот остануваат идентични како и претходните сезони, со доминантно темна мат сина боја и големо лого на Ред Бул над моторот. Впечатливо е големото присуство на новиот главен спонсор на страниците од болидот.

Презентираниот болид најверојатно ќе изгледа поинаку кога ќе го видиме на патеката. Вистинскиот РБ18 се уште е во развојна фаза од Адријан Њуи и неговиот тим, што се очекува да биде случај до последниот момент.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ