📷 Саинз и Норис со кациги посветени на Светскиот ден на ментално здравје

Ландо Норис и Карлос Саинз, возачите на Мекларен, самите си ги дизајнираа своите кациги за Ајфелското Гранд При за да го одбележат Свтскиот ден на ментално здравје.

Тие беа дел од посебен конкурст за дизајн на кацигите за да се соберат средства за компанијата Минд уште во месец Август, а прибрани се повеќе од 70.000 фунти кои ќе бидат ставени на располагање на добротворни цели за да се направат истржувања за менталното здравје.

Нивните дизајни се целосно хомологирани и потврдени и ќе се возат викендов на Нирбургринг откако одбраа шари преполни со бои, онаа на Карлос е на бела основа, додека Ландо отиде со темен дизајн. На крајот на Ноември истите ќе бидат ставени на аукција и парите ќе одат во Фондацијаа Минд.

Исто така, Мекларен на униформите и болидот ќе има испишано ‘We’re Supporting Mind’ и ‘#WorldMentalHealthDay’ како поддршка за борба против нарушување на менталното здравје.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ