? Хамилтон со посебен Сена-дизајн на кацигата

Луис Хамилтон го откри својот најнов дизајн на заштитната кацига посветен на легендарниот Аиртон Сена, шари со кои ќе го комплетира Бразилското Гранд При претстојниов тркачки викенд,

Британецот на минатата трка и теоретски ја освои својата 6та шампионска титула, а последниве години често додаваше шари во боите на легендарниот бразилец на сојата тркачка опрема.

ова е еден вид поздрав до него, но во исто време нема бразилски возачи на гридот, а јас знам колку мнгоу им недостасува аиртон. кул е да се вратат неговите спомени и да му оддадам почит на човекот кој ме инспирираше во кариерата – објасни хамилтон.

Тој се осврна и на влијанието кое Аиртон го имал врз него како младо момче и “оставштината“ која Сена ја има зад себе по неговата трагична смрт во Сан Марина во 1994 година.

многу пати низ годините сум зборувал за него, што претставуваше за мене како дете и самото гледање на неговите трки на телевизија, тој за мене беше еден вид супермен.

супермен ми е омилен суперхерој и јас сакав да бидам како него, а потоа го видов аиртон кој ја правеше својата работа, се бореше за себе. како младо момче константно бев задеван од постарите и беше одлично да се види некој кој знае да се бори за себем за своит еверувања, никогаш да не се откажува, агресивно да вози и да покаже што знае. тој многу ме инспирираше да станам, да се борам и да победувам.

во однос на тоа што го остави во формула 1, сеуште се свежи сеќавањата. сеуште се смета за еден од најдобрите на сите времиња, тој успеваше да придвижи цела нација и јас сум свесен дека единствен кој до некој степен тоа го има направено беше хуан мануел фанџо. кога почина навистина огромен број на луѓе му оддадоа почит, слично како принцезата дајана, тоа беше шок за цел свет – се присети хамилтон.

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ