Актуелниот шампион Луис Хамилтон го објави својот нов дизајн на црна кацига со натпис Black Lives Matter.
Хамилтон е единствениот црномурест возач во Формула 1 шампионатот и е се погласен активист против расните предрасуди.
Мерцедес во Понеделник најави дека нивниот болид веќе нема да биде сребрен, туку ќе биде црн како подршка на движењето кое го подржува Хамилтон и облеките кои ќе ги носат Хамилтон и Ботас ќе бидат црни.
Новиот дизајн на кацигата ги задржува виолетовите нијанси и бројни пораки и натписи.
Целата причина за промена на мојата кацига е поради менувањето на костумот и болидот. Моментално го имаме микрофонот и не слушаат.
Ова е можност да ја споделиме пораката. Брендовите и тимовите во Формула 1 и сите одговорни треба да се едуцираат и да бидат отворени за еднаквоста, Но тоа не е доволно.
Дури и ако некој направи нешто сеуште е тешко и е голем проблем и 60 години откако Мартин Лутер Кинг почна да се бори за тоа. Ја задржав виолетовата боја што ја планирав оваа сезона која е моја оилена. – појасни луис.
Хамилтон прв пат ќе се појави со новата кацига во Австрија на тренингот.
Still WE Rise ✊🏾 #BlackLivesMatter pic.twitter.com/kj2cxElMZ0
— Lewis Hamilton (@LewisHamilton) July 2, 2020