📷 Шумахер ќе вози со кацига посветена за неговиот татко

Мик Шумахер ја објави својата кацига со посвета за трката во Белгија каде ќе вози со дизајнот со кој татко му дебитираше на Спа пред 30 години. 

Овој викенд Мик Шумахер за прв пат ќе вози на Спа-Франкошамп во Формула 1 болид кога се обележува 30 годишнината од дебито на својот татко со Џордан. Михаел тогаш се квалификуваше на 7ма позиција и напредуваше две позиции пред да му откаже менувачот. 

Младиот Шумахер изјави дека оваа патека е посебна за него и неговиот татко поради успесите на неа уште од јуниорските категории. 

Оваа патека има историја за мене и мојот татко. Тука ја имав првата пол позиција и првата трка во Формула 3. Уживам кога сум тука и имам голема подршка – објасни мик.

Јуки Тсунода ќе се трка со посебна кацига посветена на Антоан Хубер, додека Макс Верстапен ќе има портокалова кацига за неговите две домашни трки. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ