📷 Се појави СФ21 – надежта на Ферари

Скудерија Ферари го откри својот најнов болид за 2021 година, СФ21, пакет со кој се надеваат дека ќе ја остават слабата ланска сезона во заборав.

Болидот ќе биде управуван од освежениот возачкит тандем Шарл Леклер и Карлос Саинз, а задачата секако му е да се врати на врвот по ланското 6то место кај конструкторите.

Болидот има целосно нов мотор развиван под кодно име 066, а инженерите најавуваат дека веќе вратиле голем дел од брзианта на правците со која се мачеше претходникот СФ1000.

Болидот е обоен во традиционалната црвена боја, но кон опашката на болидот се прлева во темно црвената карактеристична за Ферари за време на почетоците во Формула 1. Исто така, очигледна е и промената во логото на Мишн Виноу кое повеќе не е бело, туку зелено.

Првото возење на новиот болид ќе биде на ден за снимање утре, додека ден подоцна почнува и предсезонскиот тест.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ