Норис откри дека имал проблем со горивото во К2

Ландо Норис откри дека не возел втор летечки круг во вториот квалификациски сегмент поради загриженост дека може да остане без гориво.

Тој имаше круг за 7мо место кога излезе на патееката за втор летечки круг во средните 15 минути, но тимот го повлече дека мора да се врати во гаражата веднаш. За среќа, неговото веќе поставено време беше доволно да се обезбеди напредок во последниот сегмент, но почнаа шпекулации дека инженерите забележале проблем со МЦЛ35М болидот.

имавме проблем со горивото кое не влегуваше во болидот соодветно и немав доволно гориво во моторот што беше проблем. не возев втор летечки круг, но првиот беше доволно добар и проблемот не не чинеше ништо. имав навистина среќа.

патеката цело време се подобруваше и ние некако бевме фатени во расчекор. искрено сум изненаден што не бевме повеќе позади кога се почна да се подобрува, а ние имавме проблем.

ветерот се менуваше кон крајот на к2 и тоа ме фати неподготвен за последниот сегмент што секако дека не беше совршено – откри ландо.

Младиот британец ги заврши квалификациите на 8мо место, зад Ферарито на Карлос Саинз и АлфаТаури болидот на Пјер Гасли и смета дека тоа е реален приказ на перформансите на екипата.

тешки квалификации и далеку сум од позицијата на која се надевав, целев на повеќе и подобро. болидите пред на нас се неколку десетинки побрзи, а јас мислам дека можев уште 1-2 десетинки побрзо во мојот круг. не мислам дека можев повее со ова што го имав на располагање.

болидот не беше лош, но имавме голеим разлики меѓу бавните и брзите кривини и наоѓање на вистинскиот баланс немаме голем проблем, не дека болидот беше тежок, а јас мислам дека имав пристоен круг, но не и совршен.

не бевме доволно брзи за да се бориме со конкурентите денеска, но на трка имаме некои работи за да бидеме подобри и имаме шанса за повеќе поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ