Границите на Лосаил ќе се следат на секоја кривина

Стјуардите на Катарското Гранд При повеќе нема да ги следат границите на патеката на само пет кривини како што најавија во Петок, туку ќе користат правило на “еден тротоар“ на сите кривни.

Во пресрет на Катарското Гранд При, стјуардите најавија дека ќе ги следате пречекорувањата на границите на патеката на кривните број 4, 12, 13, 14 и 16, така што доколку на тие пет кривини се излезе со сите четири тркала зад означената бела линија, ќе следува бришење на времето.

Но, по првите две петочни сесии, Маси прати ревидирани белешки до сите учесници сгогласно кои првичните инструкции не се однесуваат само на наведените пет кривини, туку на сите 16 на автодромот.

лимитот на патката се однесува на секоја кривина каде ниту дел од болидот нема да биде во контакт со шарено-белиот тротоар – напиша маси.

Екипите ионака не сакаат да ги “јаваат“ тротоарите како што посочија некои возачи по петочните сесии каде се појавија видливи оштетувања од тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ