22 болиди во Формула 2, Хајтек е нова екипа

Формула 2 првенството ќе се прошири на 22 возачи за 2020 година, откако Хајтек Гранд При се приклучи на категоријата.

Во првенството имаше 10 екипи откако ГП2 беше ребрендирана во Формула 2 во 2017 година, кусо откако Либерти Медија ја превзеде Формула 1. Формула 2 вообичаено функционира во тригодишен период, а 2020 година е последната од фазите, но извршниот директор на првенството Бруно Мичел, дозволи Хајтек да се приклучат.

Шаруз Рејсинг Систем ги замени Рапакс на почетокот на 2018 година, Рашн Тајм се ребрендираше во УНИ-Виртуози за 2019 година, додека во 2020 година Арден беше целосно превземен од соработникот на Мерцедес, ХВА Рејслаб.

Тоа значи дека пониската серија на Ф1 ќе има 11 тимови за прв пат од 2016 година. Хајтек ќе се тркаат под броевите 24 и 25 во овогодинешното првенство. Хајтек минатата година преминаа од европската Формула 3 во новото Формула 3 првенство на ФИА, што ја замени ГП3 серијата. Екипата се пласираше на второ место во пласманот, со четири победи, благодарејќи на Јури Випс од Ред Бул и Леонардо Пулчини.

Сакаме да му се заблагодариме на Бруно за неговата доверба. Преминот во Ф2 е нешто што посакувавме и кон што целевме, откако се докажавме во Формула 3. Со новите 18 инчни тркала и со подобрувања на болидот за 2020 година беше потребно да влеземе, за на крајот на 2020 да не заостануваме толку многу.

Секако, приклучување кон гридот толку доцна ни ја отежнува работата, но во Хајтек посакуваме предизвик. Немаме илузии да се спротивставиме на тимови во Ф2, но сметам дека нашата група е возбудена за првата трка во Бахреин – велат од Хајтек.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ