Алези најавува: Борбата ќе се води меѓу Њуи и Ферари

На почетокот од минатата сезона, Макс Верстапен и Шарл Леклер жестоко се бореа за победи, но поранешниот возач, Жан Алези, верува дека претсојнава сезона тоа нема да биде така.

Французинот, кој порано се тркаше за Ферари, смета дека главниот дуел годинава ќе биде на Адриан Њуи против тимот од Маранело. Италијанците изгледаа како да иаат предност прд конкуренцијата на почетокот од сезоната откако победија два пати на првите три трки, но следуваше силен на предок на “биковите“ по кои доминираа до крајот на сезоната.

ферари ќе имаат два конкуренти против себе, ред бул кои се големи лидери во формула 1 и многу се силни, но и мерцедес кои стануваа се посилни како што одминуваше сезоната. мислам дека “сребрените“ нема два пати да згрешат при дизајнирање на болид.

ако видиме како стојат работите, она на што треба да се внимава е адриан њуи. секогаш кога фиа најавуваше нови правила и дизајнерите добиваа слобода, тој секогаш правеше разлика за својата екипа – потсети французинот.

Иако борбата секако дека ќе се води на асфалтот помеѓу возачите, Алези, кој се тркаше во Формула 1 од 1989 до 2001 година, очекува влијанието на британскиот дизајнер да биде клучно.

њуи стана одлучувачки фактор затоа што докажа дека може како никој друг да го подобрува болидот до саиот крај на сезоната иако прави само мали промени. на крајот, иако придобивките се мали, стануваат клучни и поради тоа сметам дека годинава нема да има борба леклер против верстапен, туку њуи против ферари.

ако тој повторно направи ремек дело, ќе биде многу тешко за сите. од друга страна, ако нивниот болид се покаже кршлив и неистраен, може да се случи се. како и да е, њуи е клучен без оглед дали се победува или се губи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ