300 часа работа за изработка на виртуелен ТЦР автомобил

Покрај Формула 1, Формула Е, ИндиКар и ТЦР Европа првенството на ФИА, во кое настапува нашиот Виктор Давидовски со тимот на PSS Racing, започна со виртуелно првенство.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Официјалната видео игра која се користи ги нуди на возачите сите автомобилски производители кои се користат во вистинското првенство, но за целите на виртуелното првенство, изработувачот се одлучи да ги дигитализира според спецификациите на тимовите, како и нивните брендови.

Генијалните италијански програмери и дизајнери, на чело со Лука Рагуза, зборуваат за процесот на генерирање на симулираните тркачки автомобили кои се натпреваруваат во европските TCR трки.

За да се изработи детална виртуелна хомологација од само еден тркачки автомобил со сета негова функционалност, потребни се приближно околу 300 саати. Дополнително, уште 20-25 саати за да се изработи и дизајнот на автомобилот, во зависност од деталите на истиот.

Параметрите врз кои возачите имаат пристап и контрола кај виртуелниот автомобил се подесување на притисок на пневматици, кочниот систем и калибрација.

Во соработка со техничкиот сектор на секој од автомобилските брендови вклучени во трките, во најава е и 2.0 верзија на виртуелните модели од TCR автомобилите. Со новата подобрена графика ќе бидат прикажани и физичките оштетувања од секој удар со што трката ќе добие уште поголема реална димензија. Виртуелните тркачки автомобили за сега се достапни само за вистинските возачи кои се натпреваруваат во TCR трките. А наскоро, и за фановите.

Во Среда, 13 Мај, ќе се вози вториот настан, со 2 трки, во Австрија на патеката Ред Бул Ринг. Во првиот кој се возеше на легендарната Спа-Франкошамп во Белгија, Давидовски се пласираше на 14то место од 25 пријавени возачи.

НАЈНОВО

Стаинер: Иднината на Хаас не зависи од ограничениот буџет

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, вели дека сопственикот на тимот Џин Хаас, ќе одлучи дали да остане или да замине од...

популарно

Ферари со 20 “коњи“ повеќе во Австрија

Ферари цели да покаже посилен мотор уште на првата трка на Ред Бул Ринг во Австрија каде италијанците ќе донесат мотор со 20 коњски...