Кими откри дека син му му се смеел за сударот на Портимао

Кими Раиконен откри дека син му Робин му се смеел за сударот на крајот од првиот круг кој предвреме му го завшри Португалското Гранд При.

Финецот предизвика излегување на безбедносното возило во вториот круг откако удри во задниот дел од болидот на својот колег на стартно-целната рамнина. Тој тврдеше дека вниманието му било насочено кон подесување на некои прекинувачи на управувачот и не го забележал Џовинаци пред себе.

син ми ми се смееше и ми кажа “секогаш ми викаш да гледам пред мене кога возам картинг“ … – откри раиконен.

Швајцарската екипа се надеваше на напредок сезонава, но има потешкотии во борбата на средината од поредокот, а финецот е свесен дека освојувањето на поени ќе зависи од карактеристиките на патеката.

во бахреин бевме посилни од вообичаено, можеби условите повеќе ни одговараа и некои трки ќе ни бидат подобри од други. но, погусто е во однос на лани, а ние сме поблиску до средината иако никогаш не очекувавме да сме во таа борба, но јасно е дека се подобруваме.

мораме да направиме болидот да биде побрз за да напреднеме повисоко и знам дека ќе има патеки каде ќе бидеме подобри и онакви на кои ќе се мачиме, но секоја екипа ги има тие проблеми.

По скорешните реструктуирања во Хинвил, Кими чувствува дека на Алфа подобро и оди.

ако се споредиме со тимот од пред четири години, дефинитивно сме во многу поодбра позиција на секој начин. во тоа време тимот речиси ќе пропаднеше и требаше многу долго време да се изгради одново и да се донесаг вистинските луѓе.

лани моторот беше најголем проблем, иако и болидот не бепе совршен, така што секогаш треба д аимате целосен пакет. не е важно ако имате најдобар мотор ако го ставите во слаба шасија, нема д извадите ништо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ