Aлонсо фрустриран: Ова е неприфатлива загуба за Алпин

Фернандо Алонсо ја изрази својата фрустрација откако двојното откажување во Алпин на Големата Награда на Сингапур му дозволи на Мекларен да го прескокне францускиот тим во конструкторскиот пласман во Ф1.

Откако ја започна трката со 18 поени предност во однос на својот главен ривал во борбата за четвртото место, Алпин ја напушти патеката Марина Беј со заостанување од четири поени.

Алонсо забележа рекорден 350ти старт во Формула 1 додека неговиот тимски колега Естебан Окон се откажаа шест круга по двократниот првак поради проблеми со погонската единица. Неволјите на тимот се надополнија кога ривалите Мекларен, со Ландо Норис и Даниел Рикардо, се пласираа на четвртото и петтото место.

Објаснувајќи колку поени чувствува дека изгубил оваа година, фрустрираниот Алонсо рече:

Мислам дека бев околу минус 50, па сега додаваме уште осум, па тоа е минус 58 или минус 60 во една година, што е неприфатливо за мене.

Ако ме ставите 60 поени повеќе во поредокот и намалите 10 или нешто од другите, бидејќи земате поени и од другите, мојот шампионат би изгледал многу подобро и би се приближил дури и до Мерцедес.

Од перформансите што ги имавме оваа година сум многу горд, дури и денес. Уште еден топ 5, топ 6 за кој се боревме. Но, пласманот не е приказ за вистинскиот настап.

Алонсо веќе има отслужено казни за монтирање на компоненти надвор од пропишаните граници во Шпанија и Австрија, но призна дека најверојатно ќе претрпи дополнително деградирање за трката во Јапонија следната недела. Шпанецот додаде:

Мислам дека километражата на моторот е во ред. Естебан го имаше проблемот денес и тој има понов мотор, па мислам дека ова не се сведува на тоа.

Ќе морам да ставам нов мотор на следните неколку трки и ќе видиме кога. Ќе изгубиме повеќе поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ