Acer е нов технички спонзор на Алфа Ромео

Алфа Ромео доби нов спонзор за оваа тркачка сезона во името на компјутерскиот гигант Ејсер кој станува официјален партнер на екипата.

Во минатото Ејсер беа спонзори на Прост и на Ферари, а екипата на Професорот користеше мотори на Ферари во 2001 година, но ги возеше под името на Ејсер.

Откако во пресрет на сезоната Алфа Ромео го доби полскиот нафтен гигант Орлен како свој поддржувач, ова е дополнително засилување во тимот.

Ејсер ќе го снабдуваат тимот со компјутерска опрема и монитори како во базата во Хинвил, Швајцарија, така и на патеката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ