Amnesty предупреди за непочитување на човековите права во Саудиска Арабија

Организацијата за заштита на човековите права, Amnesty International, предупреди на непочитување на човековите слободи во Саудиска Арабија, земја која можеби за прв пат ќе добие своја Формула 1 трка следнат година.

Се заговара одржување на улична трка во Џеда следната година, а шпекулациите велат дека истата била дел од провизорниот календар кој бил доставен до екипите на состанокот на Формула 1 комисијата во Понеделник.

Спортот е веќе на големо поврзан со Кралството поради тоа што државниот нафтен гигант и една од најголемите компании во светот, Арамко, е еден од главните комерцијални партнери на Формула 1 и главен спонзор на неколку трки од овогодинешниот тркачки календар.

Саудиска Арабија во Декември 2018 година имаше Формула Е трка низ улиците на главниот град Ријад, додека Amnesty на големо протестираше за непочитување на човековите права во пустинската држава.

На почетокот на годинава, Amnesty протестираа и против превземањето на фудбалскиот клуб Њукасл од страна на Саудискиот државен инвестиционен фонд, Public Investment Fund, кој патем е и сопственик на Арамко. Фондот на големо троши годинава, а цел во моментов се компании силно погодени од корона кризата кои се превземаат за “ефтини пари“.

Во мометов фондот поседува голем број акции во компании како Убер, БП, Боинг, Ситигруп, Фејсбук, Мериот, Дизни, Циско, Бенк оф Америка, Шел, Тотал, Куалком, ИБМ и Старбакс, но и удел од 418 милиони долари во Лајв Нејшн, сестринска компанија на Формула 1.

формула 1 треба да сфати дека саудиско гранд при следната година ќе биде дел од планот за прикривање на непочитувањето на човековите права во државата преку спортот. пропаднатиот обид да се превземе њукасл јунајтед не ги обесхрабри саудиските власти кои сметаат дека елитниот спорт значи ребрендирање на нивната урната репутација.

и покрај тоа што саудиските жени конечно добија можност да поседуваат возачка дозвола и да возат без да бидат уапсени, властите неодамна уапсија и мачеа неколку водечки активистки во борбата за женските права.

ако саудиското гранд при се одржи, формула 1 треба да ги ревидира сите договори со цел да се уверат дека работничките права се почитуваат и дека трката ќе биде отворена за сите без никаква дискриминција – изјави феликс џакенс од amnesty international.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ