Ciao Dottore: Валентино Роси оди во пензија

МотоГП легендата, Валентино Роси, објави дека оваа сезона ќе биде последна за него во најпрестижната мото серија и ќе се повлече на крајот од годината.

Италијанецот мина 26 години во МотоГП и е еден од најтрофејните тркачи во моторспортот, освои рекордни 7 титули во премиерната класа, а уште по една во пониските 250ки и 125ки. Од 414 стартови, Роси победи 115 пати, 89 дојдоа во најсилната класа, а вкупно 235 пати се искачи на подиум.

Тој го загуби местото во фабричкиот тим на Јамаха оваа сезона, но одбра да продолжи да се трка во Петорнас СРТ тимот, а сезоанва му е најлоша во кариерата со прескромни за негови стандарди 19 поени од 9 трки. Како резултат на тоа, пензијата беше повеќе од очигледна иако постоеше можност да основа свој ВР46 Дукати тим за следната година и да се трка за него со поддршка од саудискиот гигант Арамко.

Во пресрет на Штаерското Гранд При викендов на патеката каде докторот дојде до својот прв Гранд При подиум во класата 125 во 1996 година, откри дека се повлекува од МотоГП.

чао на сите, потиштен сум, малку посрамотен, многу новинари се собравте.

во текот на сезоната реков дека ќе донесам одлука за мојата иднина по летната пауза, но веќе донесов и решив да престанам по крајот на оваа сезона, така што годинава ќе биде моја последна како мотогп возач

тешко е и ова е многу тажен момент за мене затоа што кажувам дека нема да се тркам следната година, нешто што правам 30тина години, така што следната ќе биде голем животен предизвик за мене.

како и да е, беше одлично патешествие во кое многу уживав, траеше долго, долго и беше премногу забавно.

веќе 25-26 години сум во шампионатот, одлично е, забавно и незаборавно со сите мои екипи и сите момци со кои работев. немам што повеќе да кажам освен ова – изјави вале.

41-годишникот дебитираше на Гранд При во класата 125 во 1996 година, а веќе следната година стана прва во најниската класа, по што направи трансфер во посилните 250ки каде освои титула во 1998 и следната 1999 година.

За сезоната во 2000 годна Роси потпиша за фабричката Хонда со која доминираше со НСР500 моторциклот следната 2001 година и ја освои првата од вкупно 7 титули во најсилната класа. Ерата на четиритактни МотоГП моторцикли во 2002 година ја дочека во Репсол Хонда со кои освои титули таа и следната 2003 година пред да потпише за Јамаха во 2004 година откако односот со Хонда му се уништи.

Таа година јапонците не победија на ниту една трка, но Роси го однесе М1 до победа штом стана дел од екипата на трката во Јужна Африка по дуел со исто така легендарниот Макс Бјаџи, а таа сезона стана и првак. Повторно беше шампион и во 2005 година, но следните две имаше проблеми и губеше од Ники Хејден од Хонда и Кејси Стонер од Дукари.

Дојде до нови две титули во 2008 и 2009 година за Јамаха, но доаѓањето на Хорхе Лоренцо во екипата го нарушија неговиот однос во тимот. Во 2010 годниа ја скрши ногата за време на тренингот на Италијанското Гранд При и неговиот колега стана првак.

Направи многу скап договор да премине во Дукати за 2011 година, но освои само три подиуми за нив во очајните две сезони и се врати во Јамаха во 2013 година. Победи на Асен таа година, а победи уште два пати следната 2014 година и беше второпласасиран во шампјонатот. Со Лоренцо се тркаа за титула во 2015 година

Откако го обвини Марк Маркез дека се здружиле со Хорхе Јоренцо по “шпанска линија“ и работеле против негова нова титула, во Малезија се распадна неговата надеж за титула по контроверзниот инцидент со Маркез што му донесе почеток од последно место во Валенсија. Се бореше низ гридот, но Лоренцо стана првак што беше пресврт во неговата кариера, победи четири пати во 2015 година, два пати во 2016 година и последен пат во 2017 година.

Од Холандското Гранд При во 2017 година тој е без победа, а освои пет подиуми во 2018 година, два во 2019 година и еден лани.

То има своја ВР46 Академија за млади моторциклисти која им помага на италијански таленти да дојдат во спортот, а следната сезона ќе го има и својот ВР46 тим.

Во 2000те години се заговараше и негов трансфер во Формула 1 за Ферари, но не се оствари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ