CNBC е нов партнер на Мекларен

Формула 1 екипата Мекларен и CNBC, глобалната мрежа за бизнис новости, објавија повеќегодишно партнерство кое според нив ќе ги потенцира добрите страни на двата бренда, репутацијата и иновативноста преку комерцијалните активности. Ова беше обелоденето на економскиот самит во Давос, каде од Мекларен открија дека сакаат да го искористат потенцијалот на публиката на CNBC, односно бизнис лидерите и инвеститорите.

CNBC е број еден бизнис и финансиска мрежа за новости во светот со голема репутација, а глобално содржините ги консумираат 301 милиони луѓе месечно.

CNBC е бренд од светска класа, лидер во индустријата и одличен погодок за Мекларен. Ова партнерство ќе ја подобри нашата способност да допреме до глобалните бизнис парнери, а ќе им овозможи на двете компании да поделат одредени квалитети и вредности.

Формула 1 во моментов е спорт кој минува низ возбудливи промени на повеќе нивоа и таа приказна ќе ја донесе во глобалниот бизнис свет со што ќе се подобри профилот не само на двете компании, туку и на Формула 1 во целост – изјави Зек Браун, главниот човек на Мекларен.

Радоста не ја криеше нити КЦ Саливен, Претседател и МАркетинг директор на CNBC.

Делима страст кон врвниот спорт, а ние сме нетрпеливи да почнеме да работиме заедно со семејството брендови на Мекларен и да ја раскажеме приказната за врвната технологија и иновации.

Претходно, CNBC беше спонзор на екипата на Заубер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ